Број на текстови објавени денес: 62

Крај на еротскиот музеј во Париз

muzej-1

Познатиот Музеј на еротиката во Париз се затвора, поради што е организирана аукциска продажба на експлицитните изложени предмети, од кои поголемиот дел претставуваат уметнички дела од светски познати сликари и вајари.

Од „шумата од пениси“ до објекти од Јужна Африка, базирина на женските гениталии, се било продадено со секој следен удар на чеканот на масата, на оваа голема аукција. Поголемиот дел од 2.000 колекции се со потекло од Азија, вклучувајќи го и најстариот предмет, мермерна плоча на индискиот бог Вишну од тантрички индиски храм, која датира од 18 – от век. Во аукцијата биле вклучени и цртежи и фотографии од „прекрасната епоха“ на Париз во 19- от век, кога овој град важел за светска престолнина на задоволствата. Во Музејот се наоѓаа и премети преземени од француските легални бордели, кои биле затворени по Втората светска војна.
„Многу луѓе дојдоа во надеж дека си купат по некој сувенир од овој музеј, кој никога нема да биде заборавен“ изјавил аукционерот Бертранд Корнет.

Делото на Салвадор Дали релјефната слика „Млада девица која се содомизира со роговитре на сопствената чедност“, е продадена за 20.608 евра, а сликата на Мона Лиза во топлес за малку повеќе од 13.000 евра.

На аукцијата се најдоа и цртежите на Џорџ Волнски, еден од карикатуристите што беше убен во текот на нападот на новинарите на сатиричниот маагазин „Шарли Ебдо“. Единствениот француски еротски музеј мора да биде затворен бидејќи сопственикот на зградата решил дека не сака да го обнови договорот за закуп, а ниту една соодветна просторија не може да се најде на некое друго место, во кое би можел да се собере целиот музеј. Сопствениците на Музејот, Џо Калифа и Алејн Плуми, поранешен порно актер што го основал музејот пред 18 години, изјавиле дека падот на бројот на туристите во Париз и зголемената цена на киријата довеле до крај на Музејот.