Број на текстови објавени денес: 10

Крајовски: Ќе ја вратиме автономијата на универзитетите (ВИДЕО)

%d0%ba%d1%80%d0%b0%d1%98%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8

Младите во Македонија најсилно ги почуствуваа погубните политики на актуелната власт. Според Светска Банка, невработеноста кај младите во нашата држава иизнесува над 50 проценти, изјави претседателот на СДММ Битола и кандидат за пратеник – Драган Крајовски..

– Во изминатиот период Универзитетот беше свесно ставен на маргините на оштеството, а професорите замолчени. Со измените на законот за високо образование ќе ги укинеме драконските казнени одредби и ќе ја вратиме универзитетската автономија. Универзитетот ќе го вратиме на студентите и професорите – рече тој.

Според него, во Планот за живот за Македонија се  предвидува образовен систем што ќе влијае врз продуктивноста на трудот и ќе ги зголемува шансите на младите за квалитетни работни места.

-Со проектот Гаранција за млади ќе овозможиме секој млад човек да добие: понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да добие пракса или тренинг за подготовка за вработување.Враќањето на автономијата на универзитетот, гаранцијата за млади, укинувањето на екстерното тестирање се дел од проектите за млади во нашиот план за живот, со кои сакаме да го запрeме процесот на иселување на младите, кој ни се случува заради десетгодишното погубно владеење на оваа корумпирана власт. После 11 декември ќе ставиме крај на оваа пракса и ќе ги вратиме нашите млади кои заминаа од нашата земја во потрага по подобар живот- рече Крајовски.