Број на текстови објавени денес: 60

КПП: Павле Трајанов во „кецот“, екс разузнавачот Богоевски во „четворката“

pp31

Коалицијата за промени и правда на Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО Работничката партија и ДЕМОС на конвенцијата која се одржа попладнево, ја објави кандидатската листа за пратеници.

Ноистел во изборната единица 1 ќе биде лидерот на ДС, Павле Трајанов, во двојката ќе биде Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, тројката ќе ја предводи Весна Стојменовска, во четвртата изборна единица носител ќе биде екс разузнавачот Слободан Богоевски, во петтата Александар Делов и шеската ќе ја предводи Бранко Мајсторовски.

Слоганот е Коалицијата е „Не се плашете режимот паѓа“.

Коалицијата најави дека целосните листи на кандидатите за пратеници ќе ги достави до медиумите утре. Неофицијално, на листите на оваа коалиција ќе бидат застапени сите етнички заедници во државава.