Број на текстови објавени денес: 70

Кој ќе земе Оскар за најдобра женска улога?

natali2

Иако има уште три месеци до Oскарите, филмски критичари почнаа да излегуваат со свои прогнози за победниците. Конкретно за категоријата најдобра актерка, првиот впечаток е дека годинава оваа трка ќе биде многу поинтересна отколку изборот за најдобар актер.

Адам Читвуд за филмскиот сајт „Колајдер“ бележи дека ова ќе биде една од најнеизвесните оскаровски ноќи во историјата на церемонијата. Сепак, тој има потесна листа на актерки кои имаат шанси од Оскарите 2017 да си заминат со златна статуетка.

За најсериозни кандидати за Оскарот за најдобра актерка Читвуд ги смета Ема Стоун („Ла Ла Ленд“), Натали Портман („Џеки“), Рут Нега („Ловинг“), Анет Бенинг („Жена од 20-от век“) и Ејми Адамс („Пристигнување„).

Не се за потценување ниту актерските способности на Мерил Стрип во филмот „Флоренс Фостер Џенкинс“, на Изабела Хуперт во „Таа“ и на Тараџи П. Хенсон во „Скриени бројки“.

Читвуд смета дека на Оскарите 2017 шанса да добијат награда имаат и Џесика Чејстен, Кејт Бекинсејл, Ребека Хол и Џенифер Лоренс.

Официјално номинациите за Оскар ќе бидат соопштени на 24 јануари 2017.

Годинашните Оскари, 89-ти по ред, ќе се одржат на 26 февруари 2017 година во Долби театарот во Лос Анџелес.

Почесна награда Академијата за филмски уметности и науки му додели на актерот Џеки Чен.