Број на текстови објавени денес: 18

Кој вози трезен, ќе добие карти за концерт

slovenija6

Словенечката полиција во акција што трае до средината на овој месец организира мотивирачка наградна игра. На сите оние кај кои ќе се утврди дека зад управувачот се „чисти“ им следува награда – интересен музички настан. Бројот на сообраќајните несреќи што ги предизвикуваат алкохолизирани возачи во Словенија оваа година е во пораст, а кај возачите кои ќе се подложат на тест во просек се открива 1, 51 промил алкохол во крвта.

Бројот на мртвите на словенечките патишта оваа година е во значителен пораст, а кампањата со зајакнат надзор и освестување на возачите под наслов „Словенија брза со 0,0 промили“, пристигнува во вистински момент – кога дозрева младото вино. Од почетокот на годинава на словенечките патишта смртно страдале 117 лица, од кои 30 поради возење под дејство на алкохол, а во приближно 14.000 регистрираните сообраќајни незгоди откриени се 1500 алкохолизирани возачи, што е за 20 отсто повеќе од минатата година. За да ги стимулира учесниците во сообраќајот да се воздржат од конзумација на алкохол и опијати, словенечката полиција на трезните возачи ќе им дели лозови за лотарија, на која може да добијат беслатни карти за популарни музички концерти.