Број на текстови објавени денес: 50

Концертна пеомоција на „Љубавина“ од Ѓоко Здравески

%d1%99%d1%83%d0%b1%d0%b0

Организацискиот тим на Фестивалот на европската книжевност „BookStar“ најавува промоцијата на најновата поетска збирка „Љубавина“ на Ѓоко Здравески, како дел од OFF програмата на Фестивалот. Промоцијата ќе се одржи утре со почеток во 20 часот, во Менада.

 

Збирката ќе биде промовирана на еден необичен начин – како своевиден концерт на поезијата, на кој ќе настапуваат: Натали (глас), Цобе (флејта), Вико (гитара) и Ѓоко (глас).

Ракописот „Љубавина“ од Ѓоко Здравески претставува збирка љубовна поезија од седумдесетина страници, поделена во три циклуси. Ѓоко Здравески е роден во 1985 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Пишува поезија, кратка проза и есеи, а најдолго и најпосветено го пишува својот магистерски труд. Има објавено три книги поезија: „Палиндром со две н“ (2010), „куќичка за птици-преселници“ (2013) и „љубавина“ (2016). Заедно со уште неколку поети од Србија и од Македонија ја има објавено книгата „Торту кроз прозор“ (поезија, 2010). Преведуван е на десетина европски јазици.

Фестивалот „BookStar“ е поддржан од Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадите на Кралството Холандија и на Република Полска. Логистичката поддршка е на Јавна соба.

 

Фестивалот трае до 11 ноември.