Број на текстови објавени денес: 18

Конечно добри вести за здравствената состојба на Михаел Шумахер

sumaher-ferari

Бившиот технички директор на „Ферари“ Рос Браун рекол дека седумкратниот првак во Формула 1 покажува „знаци на закрепнување“, иако не сакал подетално да зборува за неговата состојба.

– Некои знаци не охрабруваат и сите се молиме да ги има што повеќе. Не можам да кажам повеќе од тоа, бидејќи морам да ја почитувам приватноста на семејството. Семејството сака закрепнувањето на Михаел да се држи во приватност и јас тоа морам да го почитувам – рекол Браун за „Би-би-си“.

Мошне малку информации за состојбата на автомобилскиот ас излегуваат во јавноста.

– Морам д кажам дека има многу шпекулации за состојбата на Михаел. Повеќето не се погрешни. Секој ден се молиме и се надеваме дека и понатаму ќе гледаме напредок, и дека Михаел еден ден ќе закрепне од ужасните повреди – заклучил Браун.

Порано, информациите боруваа дека Шумахер се уште не е во состојба да оди. Шумахер шест месеци беше во индуцирана кома, за на средината на 2014 година биде префрлен на домашна нега во семејната резиденција во Швајцарија.