Број на текстови објавени денес: 0

Колумбијката Америка стана државјанка на САД на 99 години

amerika-drzavjanstvo-sad

Америка Марија Хернандес, 99-годишна Колумбијка стана државјанка на САД откако положила заклетва во својот дом во Њујорк.

Насмеана и среќна, Америка во средата, во друштво на семејството, го потпишала документот за државјанството и положила заклетва во текот на церемонијата во дневната соба на својата куќа во њујоршкиот кварт Квинс.

Колумбијката е родена во октомври 1917 година, а ќерката е донела во САД во 1988 година. Родила 12 деца, а сега има 22 внуци и 12 правнуци.

Веќе со денеции имала зелена карта, но кога последен пат требало да ја обнови, одлучила наместо тоа да стане американска државјанка.