Број на текстови објавени денес: 49

Колку троши Кралицата на храна и пиење?

kralica1
Кралицата Елизабета годишно угостува олколу 96.000 гости, заради што добар дел од расположливиот буџет троши за луксузни вечери и вино.

Минатата година Кралицата потрошила 1,4 милиони фунти на храна. Во кралската кујна се готви сé, од мини закуски до печени фазани.

На менито за една кралска забава може да се најде пенливо вино од 2007 година кое чини 60 фунти од шише. Шампањот „Пол Роџер“, инаку некогаш омилен на Винстон Черчил, чини најмалку 400 долари.

Според Бизнис инсајдер, само во 2015-2016 од кралскиот буџет 500.000 фунти биле потрошени за вино и други пијалаци.

Кралицата годинава има на располагање сума од 40,1 милион фунти. Нејзиното вкупно богатство пак се проценува на 340 милиони фунти.