Број на текстови објавени денес: 50

Козите ѝ донеле милион долари преку ноќ!

2048865631582f095302071867001195_w640

Кога Даниела ди Пија од Австралија дошла на идеја да направи нов вид сапун, не ни сонувала дека толку ќе се збогати.

Како фармацевт, само сакала да направи производ којшто би можела да им го препорачува на многу пациенти кои доаѓаат со проблеми со сувата кожа или егзема и псоријаза. Сега има семејна фирма и продажба на својот сапун од козјо млеко низ светот.

Преку еден австралиски аутлет синџир решила да го протне сапунот и на кинескиот пазар, каде што за 24 часа продала 350.000 парчиња сапун и така заработила милион долари.

– Многу сум задоволна од резултато, два пати подобро поминав отколку минатата есен – рекла Ди Пиа.

Има околу 40 производи во својот асортиман, а неодамна покренала и линија за деца, планира да направи и производи за заштита од сонцето.