Број на текстови објавени денес: 86

Ковачевски: Имаме план за РЕК Битола и за енергетиката во Македонија (ВИДЕО)

vasko-25-11

Ја пренесуваме интегрално изјавата на Васко Ковачевски, кандидат за пратеник од здружената опозиција предводена од СДСМ.

 

– Во децениското владеење на ДПМНЕ цената на струјата порасна за повеќе од 100%. РЕК Битола е донесен пред колапс, поради што имаме намалено производство на електрична енергија а зголемен увоз на скапа струја. Поради немањето грижа за поврзаноста на енергетиката и заштитата на животната средина Битола и битолчани се гушат во најзагаден воздух во Европа.

Затоа, ние од СДСМ заедно со коалицијата имаме план за Битола, имаме план за РЕК Битола, имаме план за енергетиката во Македонија. Ние како идна власт после 11-ти декември се обврзуваме дека Битола и битолчани повторно ќе дишат чист воздух. Ќе обезбедиме стабилен електро-енергетски систем. Ќе извршиме гасификациија на Битола по примерот на Струмица. Помали трошоци почиста средина.

Ќе обезбедиме пристојна работа и мотивирани работници во РЕК Битола. Вработените во РЕК ќе останат на работа. Нема да има отпуштања. Ќе има бесплатен превоз за сите вработени. Нема да плаќаат сами.

Ќе има бесплатен оброк за сите вработени. Работниците нема да работат гладни. РЕК Битола пак ќе биде столбот на енергетскиот систем во Македонија!

Ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата. Евтината струја ќе биди достапна не само во недела, туку цел викенд. Дополнително граѓаните ќе добијат уште 2 часа дневно евтина тарифа. Енергетски ваучери за помала енергетска сиромаштија.

Планираме воведување на енергетски ваучери, за плаќање на сметки за електрична и топлинска енергија , природен гас или за купување на огревни дрва или биомаса, за категоријата на граѓани опфатени со Законот за енергетска сиромаштија.

Македонско сонце за македонска енергија. Производството на електрична енергија од фотоволтаични панели нема да биде привилегија за богатите поединци, туку можна реалност за секое македонско семејство.

После 11-ти декември заедно го враќаме животот во Битола, животот во Македонија – рече Ковачевски.