Број на текстови објавени денес: 15

Книжните пари од 5.000 денари одат во историјата, во промет 2.000 и 200 денари

2-000-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%b8

Народната банка од 15 декември ги пушта во оптек книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари и ги повлекува од оптек нижните пари со вредност од 5.000 денари.

Банките во периодот до пуштање во оптек на овие пари треба да ги приспособат софтверските модели на машините за обработка на книжните пари, банкоматите и останатите автоматизирани машини за самопослужување коишто работат со готовина, што ќе овозможи непречена циркулација на новите апоени.

Советот на НБРМ одлучи да ги повлече од оптек книжните пари со апоенска вредност од 5.000 денари , бидејкќи како што е соопштено не се прифатени од пошироката јавност заради нивната висока номинална вреднос. При тоа е ограничена нивната застапенос во вршењето на готовинските трансакции и размена, првенствено во трговијата. Нивната примена во секојдневните трансакции е незначителна.

„Потреба од книжни пари со оваа деноминација не пројавуваат ниту банките и наместо нивната количина во оптек од година во година да се зголемува, таа постојано опаѓа и затоа тие ќе престанат да бидат законско средство за плаќање на 15 декември 2016 година“, соопшти НБРМ.

Банките ќе ги заменуваат книжните пари со апонска вредност од 5000 денари од 15 декември 2016 година до 28 февруари 2017 година, а од 1 март 2017 година нивната замена ќе се врши од страна на Народната банка на Република Македонија.