Број на текстови објавени денес: 86

Ки-Мун не е загрижен од предизборната реторика на Трамп

%d0%b1%d0%b0%d0%bd7

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун синоќа телефонски разговараше со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и му ја честита победата, пренесе ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Светската организација.

Генералниот секретар на ОН изрази уверување дека Светската организација и САД ќе ги задржат своите традиционално здрави врски и ќе соработуваат за постигнување мир, безбедност и одржлив развој и почитување на човековите права во целиот свет.

Претходно Бан Ки-мун изрази уверување дека како претседател на САД, Доналд Трамп ќе се однесува и ќе дејствува многу поразлично отколку за време на изборната кампања.

– Доналд Трамп претходно даде многу вознемирувачки изјави, но сигурен сум дека ќе ја разбере важноста, сериозноста и итноста на мировниот договор за климата – истакна претходно Бан Ки-мун.

За време на кампањата за претседателските избори во САД, Трамп се декларираше за зближување со Русија, се закани дека ќе го намали учеството на земјата во ОН и вети дека ќе ја повлече државата од меѓународниот договор за борба со глобалното затоплување.

– Веќе сум ја слушнал овој тип предизборна реторика во многу држави, не само во САД. Значи, не сум особено загрижен од она што се зборува за време на кампањи – коментираше Ки-Мун.

Тој изрази уверување дека САД ќе продолжат да играат водечка улога во светот и со Доналд Трамп како претседател.

– Надворешната политика на САД не се разликувала којзнае колку кај различните претседатели по Втората светска војна – истакна генералниот секретар на ОН.