Број на текстови објавени денес: 60

Кирацовски: Ќе ја намалиме сиромаштијата (ВИДЕО)

%d0%ba%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%86%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b8

Ќе ја промениме политиката на партиска корист, на сметка на сиромашните. Социјална помош ќе добиваат сите ранливи категории на граѓани, без исклучок и без разлика на нивната политичка, национална или друга припадност., изјави денеска потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник ,Александар Кирацовски.

-Ќе воведеме Програма за минимален адекватен приход од 12.000 денари од државата кој ќе го добива секое четиричлено семејства кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход. Семејствата со приход под 12.000 денари, ќе ја добиваат разликата од оваа Програма. На пример, ако во семејството влегува приход од 4.000 денари, државата ќе помогне со уште 8.000 денари плус.
Ќе го намалиме надоместокот за извршителите, кои нема повеќе да смеат да земаат суми неколкукратно повисоки од основниот долг.
За должниците кои се социјални случаи, извршувањето ќе биде без наплата на извршителска тарифа.Ќе воведеме државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое не ги остварува условите за старосна пензија. Износот на социјалната пензија за почеток ќе биде во висина од 40% од просечната пензија.Пензиите ќе ги зголемуваме два пати годишно, согласно порастот на платите и трошоците- рече кирацовски.

Тој најави дека еднородителските семејства со плата пониска од просечната плата ќе бидат ослободи од јавни давачки.

-Тука влегуват такса, јавен превоз, општински комунални давачки, ослободување на плаќање на надомест во градинка.Преку нашиот План за Живот во Македонија ќе го вратиме достоинството на социјалните случаи, чиј број со останатите мерки за поттикнување на стопанството и новите вработувања континуирано ќе се намалува – рече Кирацовски.