Број на текстови објавени денес: 12

Кирацовски ја посети општината Демир Хисар

slika-d-hisar-2

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски и членови од кабинетот, денес беа во посета на општина Демир Хисар, во рамките на мисијата за обезбедување на услови за слободни, фер и регуларни избори.

За време на посетата, беа остварени работни средби со градоначалникот на oпштина Демир Хисар, Љупчо Блажевски, како и со раководни лица од подружницата ШС „Бигла“ –Демир Хисар.

„На средбите се разговараше за можните притисоци и злоупотреби на вработените во јавниот сектор за време на изборниот процес. Констатирано беше дека сите одговорни лица треба да ги почитуваат законските одредби, а со тоа секој да го даде својот придонес за создавање на услови, граѓаните слободно да ја изразат својата политичка волја. Дополнителниот заменик министер Кирацовски, на средбата со раководните лица ја потенцираше својата одлучност и подготвеност да се стави во заштита на сите вработени во јавниот сектор, од било какви притисоци и закани за време на изборниот процес, затоа што единствената опција за Република Македонија, се слободни и фер избори во демократски услови“, се вели во соопштението испратено од кабинетот на Кирацовски..