Број на текстови објавени денес: 0

Кирацовски поднесе пријави за раководители кои агитира врз државната администрација

img_3702

Денеска лично до министерот за внатрешни работи ја поднесувам документација што ја добив од вработени во администрацијата преку веб страницата што ја отворив за пријавување злоупотреби во предизборниот период. Овие документи содржат јасни индиции дека раководни кадри во институциите за партиско- политички цели ја злоупотребиле службената положба со тоа што влијаеле врз вработени во администрацијата да бидат гласачи на партијата на власт, да одат на партиски митинзи, протести, контра протести и слично. Моја должност е овие информации да ги проследам до надлежните институции, во случајов МВР. Станува збор за сериозни индиции за сторени кривични дела и очекувам МВР ефикасно да ги процесира. Администрацијата се охрабри, не дозволува да биде повеќе инструмент на власта. На овие избори не дозволувам злоупотреба на администрацијата, рече денеска дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.

– Оваа средба што ја имав со претставници на Синдикатот на македонската дипломатска служба, на нивно барање е доказ дека вработените во сите ресори се охрабрени, довербата е воспоставена и постои решителност заеднички да ги решаваме проблемите во интерес на вработените и на граѓаните на Македонија. Со Синдикатот разговаравме за кариерната и образовната дискриминација, со којашто се соочени голем број вработени во администрацијата. Вакви проблеми има скоро во секој орган на државната и локалната власт како и во останатите институции. Јас тука би го додал и казненото оценување што оваа власт го воведе и за што искуството покажува дека недозволиво се користи за политички притисоци врз администрација. По изборите, новата Влада треба да воведе објективен систем на кариера во којшто ќе напредуваат сите службеници кои ќе ги исполнат утврдените услови, образование, искуство и резултати. Казните од апсурдното оценување на администрацијата веднаш да се укинат и да се воведе систем кој што ќе мотивира, наместо да казнува – изјави Кирацовски.