Број на текстови објавени денес: 0

Кирацовски: За поддршка на домашното стопанство ќе издвојуваме од 20 до 50 милиони евра

kirac-25-11

Интегрално ја пренесуваме прескоференцијата на Александар Кирацовски, кандидат за пратеник на коалицијата предводена од СДСМ.


– Заедно со вас ќе го вратиме она што и е одземено на нашата држава, ќе ја вратиме благосостојбата. Во таа наша мисија главна улога ќе има македонското стопанство. Токму затоа, денес, пред стопанствениците одржавме презентација на економскиот дел од нашата програма во кој се содржани мерките кои произлегуваат од нивно барање.

Најавуваме целосно повлекување на репресивните мерки и рацете на политиката од бизнис секторот, што оваа власт ги постави, инспекциските служби првенствено ќе имаат едукативна и опоменувачка улога, а казните ќе бидат преполовени и прилагодени на финансиската моќ на фирмите, странските инвестиции ги респектираме, но пред се ќе ги поддржиме домашните.

За поддршка на домашното стопанство годишно ќе издвојуваме од 20 до 50 милиони евра. Покрај неповратините 10.000 евра за почетни бизниси, покрај навремената исплата на долговите од државата кон фирмите заедно со повратокот на ДДВ, покрај финансиската поддршка за секое ново вработување, за секое мало и средно претпријатие, кое може да обезбеди 15% сопствено учество за инвестициски проект, државата преку МБПР ќе обезбеди гаранција во висина од 75% од инвестицијата.

Пример ако некое трговско друштво сака да реализира инвестиција во висина од 100.000 евра, за 75.000 евра ќе добие соодветна гаранција. Рокот на отплата на ваквите кредити бибил до 10 години.

Најавуваме Државна гаранција за краткорочни кредити за обртни средства до износ од 30,000 евра.

Најавуваме Заеми за Франшиза и заеми за Мешовити инвестиции во висина до 50.000 евра:

Имено, Претприемачите кои сакаат да откупат франшиза за познат бренд, ќе можат да конкурираат за заем вовисина до 50.000 евра со 1% каматна стапка; и 5 години рок на отплата.
За заеми под исти услови ќе може да конкурира и секој граѓанин на Република Македонија, кој за отворање на нов бизнис ќе привлече странски партнер кој би вложил барем 30% од вкупната инвестиција.

Со овие и многу други мерки кои допрва ќе ги промовираме, со партнерски однос со бизнис секторот и Ваша поддршка на претстојните избори, заедно ќе го вратиме животот во нашата татковина – рече Кирацовски.