Број на текстови објавени денес: 65

Кирацовски: Административците наместо на работа принудно одат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

%d0%ba%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b84

Голем број на државни институции и општини се ставија во функција на обезбедување на кворум за потребите на партискиот митинг на ВМРО – ДПМНЕ кој што ќе се одржи денес во Охрид, реагира дополнитлнио манеик-министер за информатичко општетсво Александар Кирацовски. Тој  до Државниот инспекторат за труд, поднел иницијатива за поведување на постапка за вонреден инспекциски надзор над работењето на оние институции од каде што добиле информации за голем број на нерегуларности.

„Вработените, наместо на работните места каде што треба да ги извршуваат своите работни задачи во служба на граѓаните од кои се и платени, од страна на раководните лица со притисоци и заплашувања, се ослободени од работните задачи и се упатуваат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Го повикуваме Државниот инспекторат за труд соодветно да постапи по истата, со цел еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребите на вработените во јавниот сектор, кој што се користи за партиско политички интереси. Сите прекршувања на законските норми каде што со партиско и политичко дејствување се влијае врз вработените, а со тоа се попречува правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, ќе бидат соодветно санкционирани. Слободни, фер и регуларни избори се приоритет број еден за Република Македонија и само такви избори ќе има во Македонија“, се вели во соопштението од набинет на дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација Кирацовски.