Број на текстови објавени денес: 0

Кинези инвестираат во Чернобил

cernobil1
Во Чернобил, местото на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, ќе се градат електрана и соларен парк.

Две кинески компании планираат да изградат џиновски соларен парк во зоната на украински Чернобил. Градбата е дел од проект вреден 1,5 милијарди евра.

Изградбата би требало да започне идната година. Инаку, Украина донела закон согласно кој се дозволува развој на тоа подрачје, па се претпоставува дека радијацијата е под контрола.

„Можеме да имаме огромна општествена и економска корист од обновување на ова отсечено подрачје со зелена и обновлива енергија“, изјавил менаџер од компанијата ГЦЛ-СИ (GCL-SI), од каде што додале дека нивните технички експерти на местото предвидено за градба веќе спровеле неколку инспекции.