Број на текстови објавени денес: 18

Кина и Русија ќе прават широкотрупен млазен авион

%d1%81%d1%83%d1%85%d0%be%d1%981

Кина и Русија ќе инвестираат до 20 милијарди долари во развој на широкотрупен млазен авион за долги релации, пишуваат кинеските медиуми.

Оваа агенција оценува дека Пекинг со тоа настојува да парира на водечките западни производители Боинг и Ербас.

Овој исклучително амбициозен план го договорија Комерцијалната авионска корпорација на Кина (COMAC) и руската Обединета авионска корпорација (UAC), која го произведува Сухој Суперџет 100, во јуни оваа година.