Број на текстови објавени денес: 11

Ким Кардашијан се врати во живот: Фановите воодушевени од новите фотографии!

kim-kardasijan-foto-printskrininstagram-1478990132-1034139

Од кога беше ограбена во Париз, старлетата Ким Кардашијан не се огласуваше на социјалните мрежи. Но, на некој начин, сепак, се врати на Инстаграм, каде што пред грабежот редовно објавуваше фотографии.

Всушност, ријалити ѕвездата била фотографирана од мајка ѝ Крис Џенер којашто ги објавила фотографиите на Инстаграм.

Ким и нејзината ќерка Норт Вест се маскирале во Јасмин од цртаниот филм „Аладин“ и уживале играјќи се. И остатокот од семејствотот се маскирало, а сите фотографии завршиле на социјалните мрежи.

Се чини Ким полека се враќа во нормалниот живот по траумата што ја доживеа. Нејзините фанови се пресреќни поради враќаањето на старлетата, а ја пофалија и нејзините вита линија.