Број на текстови објавени денес: 86

Кибер напад врз Министерството за надворешни работи на Австрија

%d1%85%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d1%80%d0%b89

Министерството за надворешни работи на Австрија соопшти дека синоќа успеало да се одбрани од кибер напад од странство, најверојатно од Турција.

Во соопштенито се наведува дека хакерите речиси три часа го напаѓале серверот на сајтот на австриското Министерство.

Сајтот поради нападот е отстранет од мрежата, но системот на Министерството не бил оптетен од нападите.

„Нападот е забележан за кратко време“, соопшти од Министерството, истакнувајќи дека немало упад во податоците.

Според Миниснтерството, кибер нападот најверојатно потекнува од Турција.

– Нема да дозволиме некој да не заплаши со такви напади. Австрија останува при својот став за Турција – порача министерот за надворешни работи Себастијан Курц.