Број на текстови објавени денес: 50

Кејт Мос сè му прости на бившиот свршеник

count-von-bismarck-kate-moss-main

Кејт Мос му дала уште една шанса на поранешниот свршеник Николај фон Бизмарк, кој е дури 13 години помлад од неа.

Најуспешната британска манекенка оваа лето стави точка на врската со младиот фотограф, бидејќи не сакаше да го толерира неговиот проблем со алкохолот, а сега се чини дека сè му простила.

– Николај никако не сакаше да се смири, сака да излегува, токму како и Кејт, но проблемот е во тоа што тој нема граници и често претерува – рекол тогаш извор близок на манекенката и додал дека во нивниот однос постои уште еден проблем.

„Свршеникот на Кејт не можеше да воспостави добар однос со нејзината ќерка Лили Грејс. Постојано се караа, а нејзе тоа ѝ стана премногу напорно – открил извор.

Меѓутоа, сега се чини дека поранешните сврешници успеале да ги надминат сите проблеми, а како што пишуваат британските таблоиди, Кејт и Николај продолжуваат таму каде што застанале и планираат заедничко патување на Тајланд.