Број на текстови објавени денес: 86

Кање Вест префрлен на психијатрија

_92600442_hi036521122

Американскиот рапер Кање Вест е сместен во болница откако ненадејно ја прекинал американската турнеја на која требало да одржи уште 21 концерт, јавија американските медиуми. Наведувајќи неименувани извори и претставници на музичарите, медиумите јавија дека Вест вчера попладне бил пренесен во болница во Лос Анџелес поради стрес и исцрпеност и дека таму ќе ја помине ноќта поради сопствена безбедност.

Претставник на полицијата во Лос Анџелес рекол за АП, не потврдувајќи дека станува збор за Кање Вест, дека добиле вознемирувачки повик на адреса во Западен Холивуд вчера попладне и кога дошле виделе дека не станува збор за криминални дејствија, туку за „медицинска ситуација“. Пациентот со возило на Брза помош бил префрлен во болницата и сместен на одделението психијатрија, изјавено е за АП.
Претставници на музичарот и неговата сопруга Ким Кардашијан одбиле да одговорат на барањата да ги потврдат овие извештаи.
Кање Вест штотуку ја откажа својата американска турнеја Сент Пабло по повеќедневни чудни и бесни испади поради кои почесто од обично беше тема на социјалните мрежи.