Број на текстови објавени денес: 65

Кафето е најевтино во Рио, а најскапо во Цирих

wholecookie

Од 75 града во 36 земји во светот, човек најевтино кафе може да се напие во бразилската престолнина, а најскапо ќе го плати во Цирих.

Во Рио шолја кафе чини помалку од евро, додека во Цирих за шолја кафе човек треба да плати 3,3 евра во просек.

Од европските градови, најповолни места за пиење кафе (според цената) се Милано и Севиља, додека освен во Цирих, кафето е скапо и во Копенхаген и во Базел.

Истражувањето го спровела британската компанија „Сервис Партнер Уан“, а вкупниот просек на цената на кафето е пресметан врз основа на цената на кафе што се пие дома, кафе што се пие на работа, во кафуле и во „Старбакс“.

Кога е во прашање потрошувачката, далеку најмногу кафе годишно консумираат Финците. Жителите на Хелсинки годишно пијат по 9,6 кг кафе.

Најмалку кафе пак консумираат жителите  на Истанбул – само по 0,4 кг по глава на жител.