Број на текстови објавени денес: 86

Катастарот донесе нова стратегија за инфраструктура на просторни податоци

%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%8013

Македонската Агенција за катастар на недвижности во соработка со Холандскиот катастар подготви нацрт верзија на нова тригодишна стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци.

Стратегијата треба да овозможи натамошно усогласување со европската INSPIRE директива, со што национални просторни податоци од различни области ќе се стандардизираат со европските. Со тоа ќе се овозможи размена на податоците и нивна поголема достапност за граѓаните, институциите и приватниот сектор.

Содржината на стратегијата се финализира денеска на работилница, организирана од Катастарот, со учество на експерти од Холандија, претставници од 18 државни институции и од стопанските комори во државава.

Презентацијата на новата стратегија е најавена за јануари следната година.

Досегашната Стратегија што македонскиот Катастар ја подготви во 2010 година исто така со помош на Холандскиот катастар беше усвоена од Владата во 2012 година.