Број на текстови објавени денес: 86

Кандидатот за претеник на СДСМ од Струга, Јован Митрески ,претседателот Ложанкоски и помладокот на ОО СДСМ Струга на средби со граѓаните(галерија)

15240191_1156491547721153_451229075_n

Кандидатот за претеник на СДСМ од Струга, Јован Митрески заедно со претседателот на општинската организација Даме Ложанкоски и партискиот подмладок остварија средби со граѓани во струшката чаршија и пазарот. – Денес е пазарен ден и е можност да поразговараме со голем број наши сограѓани за секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Очигледно е дека стравот повеќе не владее меѓу граѓаните. Граѓаните без разлика на нивната етничка припадност имаат исти проблеми и отворено зборуваат за нив. Големата сиромаштија, безработицата, катастрофалните услови во болниците, нерешените основни комунални работи, канализации, водоводи, неасфалтирани улици се дел од проблемите во Струга и струшко. Луѓето сакаат промени и од ден на ден се повеќе и повеќе јасно е дека тие ќе се случат. Затоа со нив зборуваме за нашиот план по победата на 11-ти Декември. Зборуваме за зголемување на минималната и просечната плата, зборуваме за враќањето на 15% од платениот ДДВ со секоја сметка, за укинување на радиодифузната такса, за враќањето на евтината тарифа на струјата, за државната социјална пензија за луѓето кои немаат 15 години работен стаж, за зголемени субвенции, за зголемени пензии во согласност со трошоците за живот, за зголемување на социјалната помош на најранливата категорија наши сограѓани и за сите други мерки од програмата. – Изјави кандидадот за претеник Јован Митрески