Број на текстови објавени денес: 65

Канада ќе ги затвора термоелентраните

%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b04

Канада до 2030 година ќе ги затвори своите електрани на јаглен за да се забрза намалувањето на емисиите на гасови што хо предизвикуваат ефектот на стаклена градина, најави канадската министерка за животна средина Кетрин Мекена.

– Тие електрани, кои се наоѓаат во четири канадски провинции, емитуваат околу 10 отсто од вкупната емисија на гас во Канада, а нивното затворање ќе биде еднакво на повлекување на 1,3 милиони автомобили од сообраќајот -рече министерката.