Број на текстови објавени денес: 0

Каменос: Ниту Македонија, ниту изведена форма во името

panos1

Коалициската партија во грчката влада, Независни Грци, на партискиот конгрес донесе три резолуции, вклучувајќи ја и таа за името на Македонија.

„Независни Грци не прифаќа користење на терминот Македонија или каква било изведена форма од него во името на северниот сосед“, пишува во резолуцијата на партијата на Панос Каменос, министер за одбрана во грчката влада.

Втората резолуција се однесува на гробовите на грчките војници во Албанија, при што партијата бара официјална Тирана да го почитува договорот од 2010 година, пренесе МКД.мк.