Број на текстови објавени денес: 0

Калето блесна во портокалова боја

mad_1763

Преку симболично осветлување на дел од скопското Кале со портокалова боја и официјално започна кампањата на Обединетите нации и Европската делегација во Скопје насловена како „16 Дена активизам против родово базирано насилство“.

Оваа кампања ќе биде составена од серија на активности со цел ставање на крај на насилството врз жените и девојчињата низ светот.

„Градот Скопје дава поддршка на Националната стратегија за заштита од семејно насилство која претставува еден од основните стратешки документ на Република Mакедонија, предлага и усвојува свои стратешки документи, како што е Стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје, а поддржува и сервис за справување со семејно насилство“, се вели во соопштението.