Број на текстови објавени денес: 70

Како изгледа новиот дом на Обама ФОТО

2328283c-4ecd-437d-8c4c-9aad9e061dbb

Белата ќука Барак Обама за неколку месеци ќе ја замени со луксузeн простран дом од 760 квадрати во „тјудорски“ стил, коj се наоѓа во елитното вашингтонска димпломатска населба Калорама. Новиот дом на семејството Обама има девет спални соби и осум бањи.

Обама не ја купил куќата од 1928 година, туку ја изнајмил од Џо Локхарт, поранешниот претстваник за печат на Бил Клинтон. Локхарт со сопругата Џована Греј, успешна новинарка на магазинот „Гламур“, ја купил куќата пред две години за 5,3 милиони долари.

и ја понудиле на семејството Обама кога претседателската двојка одлучила да остане во Вашингтон додека нивната помлада ќерка Саша не го заврши училиштето. Агентите за недвижности ја процениле вредноста на куќата на 22.000 долари месечно.

Не е познато дали Обама, чиешто богатство е проценето на седум милиони долари и има загарантирана претседателска пензија од 203.000 долари годишно, ќе го плаќа тој износ, пишува РТ.

Во Калорама се наоѓаат 28 амбасади, а екипата на РТ ја посетила престижната населба и разговарала со идните соседи на Обама како и со пеерсоналот кој во моментот ја подготвува куќата.

Домарката Маријан потврдила дека се е подготвено за доаѓањето на семејството Обама, по инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари. Тимот од градинари неодамна дошол да го среди зеленилото кое малку „подивело“ кога сопствениците се иселиле во Њујорк.

Освен тоа, обезбедувањето е интензивирано, а возилата на тајната служба се паркирани по населбата. Кога екипата на РТ и пришла на куќата, од неа изглегол еден агент.

Бидејќи немало шанси да влезат во куќата, посетиле сличен објек низ улицата со Катарина Смит, локална агентка за недвижности, која потврдила дека тоа е најдобрата населба во Вашингтон. Таа открила и дека гласала за Доналд Трамп.