Број на текстови објавени денес: 62

Како е заштитена кулата Трамп, домот на новоизбраниот претседател на САД

1-trump-zgrada

Домот на Доналд Трамп, облакодерот Trump Tower, е заштитен од напад од земја и воздух, по неговата изборна победа.

Прогласена е зона на забранети летови над познатата њујоршка знаменитост што служи и како ориентир во градот, а каде се наоѓаат и канцелариите на Трамп, веднаш откако ја победи Хилари Клинтон на изборите за нов претседател, пренесува Сан.


Њујоршката полиција ги заштитува домот и работното место на Доналд Трамп.

Авионите во радиус од 3,3 километримора мора да летаат на висина од најмалку 915 метри над 58-катницата, се вели во соопштението на Федералната агенција за авијација.

Војската, полицијата и летовите на тајните служби се ослободени од заштитата додека Трамп не стане завнично претседател.

Забраната за прелет преку кулата Трамп ќе остане на сила додека милијардерот не влезе во Белата куќа по неговата инаугурација на 20 јануари 2017.

Облакодерот е заштитен од полицајци од антитерористичкиот оддел на полицијата на терен.

Комунални камиони полни со песок се поставени како заштитна бариера пред влезот на зградата наТрамп.

Како заштита на ниво на земјата пред влезот на зградата поставени се камиони исполнети со песок, бетонски блокови и огради што формираат бариера против потенцијалните напаѓачи.

Вооружени припадници во специјалниот оддел на полицијата во Њујорк за борба против тероризмот стојат пред од зградата.

Луѓето кои живеат и работат во зградата се проверуваат од тајната служба.

Лифтовите се така наштелувани да не може да се застане на приватните спратови на Трамп со што ќе се спречи несакани посетители да влезат во личните одаи на милијардерот.