Број на текстови објавени денес: 65

Како војувале бившите сопруги на Трамп: Кучко, остави го мојот маж на мира! ФОТО

3b40f0a6b27906ce726d

Американските таблоиди на почетокот на 90-тите ја обожавале љубовнатасапуница во која се најдоа американскиот милионер Доналд Трамп, неговата три години помлада сопруга Чехинката Ивана Трамп со која во бракот доби три деца и мисицата од Џорџија Марла Мејплс.

Брачната двојка Трамп била со години една од најпознатите и најекспонираните двојки во њујоршкото отмено општество. Биле неизбежен тандем на њујоршката општествена сцена со животен стил на луѓе кои многу работат и заработуваат, а тоа многу и го покажуваат. Со своите три деца, Доналд Јуниор, Иванка и Ерик биле идеално американско семејство. Складно и успешно. Но, тогаш на крајот на 80-тите години нивната семејна идила ја прекинала симпатичната русокоса Марла од јужноамериканското гратче Далтон.
Љубовниот триаголник ја интригирал американската јавност, сите сакале да знаат која русокоса на крајот ќе победи во борбата за срцето на контроверзниот милионер.

Скандал во Аспен

Доналд тогаш 26-годишната Марла ја запознал во 1989 година и сосема полудел по 17 години помладата актерка и мис. За тоа дека Доналд ја изгубил главата по русокосата убавица била јавна тајна, а инцидентот помеѓу двете бивши сопруги на Доналд се случил во декември во елитниот американски ски-центар Аспен за време на зимските празници. Медиумите полуделе по приказната за конфликтот на сопругата и љбовницата, а верзии што, всушност, се случило имало безброј.
Имено, сопружниците Доналд и Ивана отишле во Аспен, а таму се нашла и Марла. Малкумина би поверувале дека Марла таму била случајно. Тие секако се сретнале и дошло до голема кавга, а според некои не се завршило се само на зборови, туку дошло и до физичка пресметка.

Ивана во 1991 година во интервјуто со Барбара Волтерс рекла дека таа не била свесна за оддалечувањето и проблемите во бракот, бидејќи Доналд изјавил дека бракот се распаднал поради тоа што тие се оддалечиле и дека тој на некој начин ја „прераснал“.

Марла тогаш во Аспен ѝ пришла и едноствано рекла; „Јас го сакам Доналд, дали го сакаш и ти?“. Ивана ѝ одговорила: „Исчезни веднаш, јас својот сопруг многу го сакам. Пред тоа Ивана го слушнала телефонскиот разговор на Доналд и пријателите во кој ја спомнувале Марла. Кога таа го прашала, која е таа Марла, тој ѝ одговорил дека тоа е само една жена која во последно време го прогонува и дека тоа не е ништо сериозно… Некои сведоци рекле дека Ивана на Марла во ресторанот ѝ врескала: „Кучко, остави го мојот сопруг!“ Многу интересни верзии постојат -дека се сретнале на скијалиштето и се мавале со топки снег, а постои и приказна дека двете носеле исти скапи скијачки костими кои Доналд им ги купил.

– Ми пријде во ски-центарот и ми рече дека го сака мојот сопруг и дека имаат афера. Тоа беше страшно болно – рекла Ивана.

Спектакуларен развод

Што и да се случило, резултирало со развод и тоа не со „обичен“. Со „валкан“ развод проследен со жестоки медиумски пресметки…

Марла сите ја гледале како растурачка на 14-годишниот складен брак, а Ивана била таа која ја покренала спектакуларната бракоразводна парница, интензивно проследена во медиумите, а која ја завршила со судска спогодба во март 1992 година. Ивана добила далеку повеќе од имотот гарантиран со предбрачниот договор. Доналд на Ивана ѝ исплатил 25 милиони долари, а Ивана во таа прилика ја изговорила познатата реченица: „Немој да се лутиш, земи му се!“

Осврнувајќи се на разводот со Ивана, Доналд подоцна изјавил: „Не заминав поради друга, едноставно заминав“.

Милионерот не губел време, се венчал во декември 1993 година со Марла, два и пол месеци по раѓањето на нивната ќерка Тифани. Бракот не траел долго. Се разделиле во 1997 година, а се развеле во 1999. Марла се отселила во Калифорнија и сама ја воспитувала ќерката додека Доналд го плаќал школувањето и издржувањето. Марла во 2013 година признала во шоуто на Опра Винфри дека, всушност, никогаш не престанала да го сака Доналд. Пред неколку години во американските медиуми излегоа информациите според кои Доналд зажалил поради тоа што ја оставил Ивана поради Марла и дека тоа со Марла не била вистинска љубов туку само чиста страст.

Марла барала од ивана да и прости

А Марла, која повеќе никогаш не се мажела, годинава за магазинот „Пипл“ рекла дека се надева дека Ивана ќе ѝ прости еден ден, бидејќи многу ги сака нејзините деца, но Ивана не сакала да го прифати нејзиното извинување, бидејќи сè уште смета дека Марла е виновник за распадот на нејзиниот брак.

Иако разводот на Доналд и Ивана бил брутален по извесно време пак се зближиле и тој дури ја смета за некој вид советничка. За „Њујорк тајмс“ во април рекла дека ѝ се јавува пред и по настапите и ја прашува за мислење.

– Верувајте ми, Доналд би бил одличен претседател на САД! Тој секогаш би бил 100 отсто ангажиран, би ги водел преговорите, токму онака како што тоа со децении го прави во своите компании. Тој може да го направи она што не може никој друг – рекла Ивана Трамп во едно интервју за кандидатурата на својот бивш сопруг.

Ивана во бракот со Доналд превземала дел од неговите бизниси, а со бизнисот продолжила да се занимава и по бракот Нејзиното богатство денес се проценува на 60 милиони долари. По Доналд се мажела уште два пати, но два пати се развела.