Број на текстови објавени денес: 86

И Хрватите се иселуваат во ЕУ, ама трендот не е страшен

zagreb14

Трендот на иселување од Хрватска се уште не е катастрофален ако се спореди со другите држави по нивното приклучивање на Европската унија, но е загрижувачки.

– Ако ги видиме иселувањата од другите земји откако се приклучија на ЕУ, кога од држави како Полска и Романија се иселија повеќе милиони луѓе, тогаш хрватските бројки не се толку застрашувачки – рече Драго Жупариќ-Илиќ од хрватскиот Институт за миграции и народности.