Број на текстови објавени денес: 0

И рекле дека нема да има деца, таа забременила два пати во растојание од 10 дена! ФОТО

fenomen-bliznaci2

Австралиска жена на која лекарите ѝ рекле дека можеби никогаш нема да забремени, забременила со близнаци кои се зачнати во растојание од десет дена, пишува „Би-би-си“.

Кејт Хил се лекувала од синдром на полицистични јајчници, поради кој ѝ бил нарушен циклусот на овулација.

Голем број близнаци се зачнуваат кога жените во текот на овулацијата ќе отпушти две јајце-клетки или кога, нешто поретко, оплодена една јајце-клетка дополнително се подели во две јајце-клетки. Но, Кејт Хил своите близначки ги зачнала во растојание од 10 дена, што претставува екстремно редок случај во којшто некоја жена забременила откако веќе била бремена. Нејзините девојчиња, Шарлот и Оливија, се родени пред 10 месеци со различна висина и тежина и во поинаква фаза на гестациски развој.

– Всушност, не сме сфаќале колку се тие посебни пред да се родат – рекла Кејт Хил за австралискиот „Севн нетворк“.

Имено, бременоста обично го стопира месечниот циклус на овулација, па жената многу ретко може да ослободи нова јајце-клетка по зачнувањето. Но, ако и таа јајце-клетка се оплоди може да се развие во здрава бременост, како што тука беше случај. Се верува дека се документирани само десетина случаи на овој медицински феномен познат под називот суперфетација.

Дури и лекарот кој је надгледнувал бременоста признал дека морал да побара на интернет повеќе информации за овој случај.

– Не можев да пронајдам каква било медицинска литература за тој феномен – признал лекарот.