Број на текстови објавени денес: 62

И Панчевски му стегна кривична пријава на колегата Џолев

%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b5

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, денеска поднел кривична пријава против судијата Иван Џолев за кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.  Тој денеска бил повикан во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да даде исказ за кривичната пријава која му ја поднесе негов колега, судијата Иван Џолев.

„По даденото произнесување во врска со наводите во кривичната пријава ја известувам јавноста дека од моја страна на записник пред надлежниот јавен обвинител откако ги слушнав наводите на пријавата и се произнесов по истите отфрлајќи ги како неосновани истовремено поднесов кривична пријава против судијата Иван Џолев за кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело“ во смисла на чл.366 ст.1 од КЗ за тоа што лажно ме пријавил како сторител на кривично дело од чл.359 од КЗ за кое гонењето се презема по службена должност иако знаел дека не сум сторител на кривично дело“,соопшти Панчевски на веб-страницата на Кривичниот суд.

Судијата Џолев минатата недела му поднесе кривична пријава на Панчевски за „примање награда за противзаконско влијание“.