Број на текстови објавени денес: 0

И во Ѓорче бетонот го замени зеленилото

zz1

Група граѓани од Ѓорче Петров реагираат на, како што велат, груба узурпација на единственото преостанато зеленило на главната улица во Ѓорче Петров која се случува деновиве и предизвикува огромен револт кај граѓаните.

Пред зградата 26-б на улица Ѓорче Петров се избетонирале големи зелени површини на кои е планирано поставување на трафики за брза храна, што ќе предизвика и зголемен промет на возила, бучава, ѓубре и неред точно пред балконите на зградата.

Граѓаните реагирале и до општината и до Град Скопје, но од таму наидуваат на молк.