Број на текстови објавени денес: 0

Ишаран партискиот штаб на НСДП во Аеродром

unnamed257

Изборниот штаб на НСДП во скопската општина Аеродром, лоциран во трговскиот центар Бисер, ноќеска е исшаран со пораки со политичка содржина, кои асоцираат на владејачката партија.

„Имајќи во предвид дека овој вандалски чин се случи непосредно по завршувањето на големиот предизборен митинг на здружената опозиција, како и самата содржина на пораките, очигледно е дека станува збор за политички мотивиран настан кој зборува за паниката и нервозата во владејачката партија од резултатите на претстојните избори. Демолирањето на партиски штабови, насилието, вандализмот, како средства на заплашување на политичките противцни во предизборниот период веќе е познато дека се дел од политичкиот арсенал на ВМРО-ДПМНЕ, кон кој посегнува во клучни политички моменти. НСДП порачува дека вакви инциденти, пораки на заплашување или вандалско однесување на било кои политички фактори во земјава, нема ја обесхрабрат во својата намера да се вложи максимум во поразот на авторитарната власт во Македонија. НСДП инцидентот го пријави во МВР“, се вели во партиското соопштение.