Број на текстови објавени денес: 0

Исидора Бјелица поради смртни закани ја напушти Србија

isidora_1000x0

Познатата српска писателка Исидора Бјелица, која последниве четири години се бори со рак, преку Скајп во една емисија објаснила поради што била принудена да ја напушти Србија. Видно потресена, Исидора објаснила дека таа и нејзиното дете добиле смрни закани преку телефонската секретарка, и дека личноста којашто ѝ се заканува е една јавна личност. Исидора веќе не е во Србија, не се знае кога ќе се врати, а покрај сè, пак се бори со карциномот.

– Оние што ме сакаат забележаа дека два и пол месеци ме нема во јавноста. На средината на август, на телефонската секретарка ми беше оставена брутална порака, која не претставува закана со смрт само за мојот живот туку и за моето дете. Полицијата беше информирана. Неколку дена по повикот, мојата здравствена состојба се влоши. Тумор маркерите ми експлодираа, и бев принудена да се изолирам – раскажа писателката. Таа додала дека стресот предизвикан од заканите негативно влијаел на нејзиното здравје.

– За жал, се случува и јавните личности да се психопати. Познато ви е дека психопатите немаат чувства, јас бев навредувана поради тоа што имам рак, поради тоа што ми е извадена матката. Ако таа снимка ја пуштам во етер  сите ќе препознаат за кого станува збор – рекла Исидора.

Како што „Блиц“ неофицијално дознава, полицијата во септември примила пријава за закани на Исидора Бјелица, којашто ја поднесол нејзиниот сопруг Небојша Пајкиќ. Полицијата по таа пријава постапила и ја сослушувала личноста којашто ѝ се заканувала, после што го комплетирала својот извештај и го испратила во надлежното Прво основно обвинителство, кое понатаму ќе одлучува за предметот.