Број на текстови објавени денес: 86

Ирачките сили кај Мосул го убиле командантот на ИД Абу Хамза

irak-mosul-karta1

Ирачките сили кај Мосул убиле еден од лидерите на Исламска држава, денеска јави ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Ал-Арабија.

Командантот на ИД, Абу Хамза, со потекло од Алжир, бил убиен во областа Хамам ал-Алил, над која силите на ирачката Влада во неделата воспоставиле контрола, наведува телевизија.

Копнената операција за ослободување на Мосул од терористите на Исламска држава почна на 17 октомври, а во неа учествуваат ирачки сили, курдски единици и коалицијата на чело со САД, потсетува руската агенција.