Број на текстови објавени денес: 46

Иран го повика Трамп да ги почитува меѓународните спогодби

iran-m-sz-zarif-diplomatija

Иранскиот шеф на дипломатијата, Мохамад Џавад Зариф, денеска го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги почитува меѓународните спогодби, склучени од неговата земја, пренесуваат француските медиуми.

Изборот на републиканскиот кандидат внесе елемент на несигурност во нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, појаснуваат француските медиуми.

-Секој американски претседател треба да ја разбира реалноста на денешниот свет. Најважно е идниот американски претседател да ги почитува спогодбите и обврските преземени не само на билатерално, туку на мултинационално ниво, изјави Зариф во Букурешт, каде се наоѓа во посета.