Број на текстови објавени денес: 10

Интернетот не е ординација

foto23

Читањето на информации на интеренте може само дополнително да го загрижи човек, но не и да го излечи. За конректна дијагноза најдобро е да се посети лекар.

Паника и заклучок дека човек има некоја неизлечива болест се најчести резултати од пребарување на симптоми на болести на Гугл, по блогови и разни Фејсбук групи. Затоа и  не се препорачува луѓето интернетот да го гледаат како ординација.

Лекари препорачуваат луѓето никогаш сами да не си поставуваат дијагноза врз основа на пребарување на интернет, зашто така само одложуваат да отидат на лекар и да добијат реална дијагноза.

Секако, не е препорачливо онлајн да се бараат совети за лекраски средства за лекување одредени болести. само затоа што некој има популарен блог, тоа не значи дека знае за што пишува. Плус, првата страница што ќе ја предложи Гугл, не мора да биде и најверодостојната.