Број на текстови објавени денес: 18

Им се суди на лекарите од гевгелиската болница обвинети за смрт на родилка

sudenje-kadieva1478776246_thumb_medium490_0

Во Основниот суд во Велес во тек е судењето на лекарскиот тим од гевгелиската болница обвинет за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче. Смртта на жената и новороденчето настапи лани во октомври, во гевгелиската болница, објави Дума.

На обвинителната клупа седнаа тројца лекари, двајца гинеколози и еден анестезиолог, обвинети за лекарска грешка поради која настапила смртта кај Кадиева. Судскиот процес го следи и сопругот на починатата родилка.

Судечкиот совет ја ислуша одбраната на тројцата обвинети лекари. Бранителите поднесоа дополнителни докази. Сите тројца обвинети лекари пред судечкиот судија Габриела Гајдова рекоа дека го разбрале обвинението но и дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, родилката Кадиева на 21 октомври 2015 година била однесена без родилни болки во гевгелиската болница, но била земена на операција за породување so царски рез. Потоа била погрешно интубирана и се задушила што било причина и за смртта на бебето, кое се родило живо.

Во истрага, кај двајцата анестезиолзои кои вечерта на 21 октомври 2015 година биле во операционата сала, беше констатирано присуство на алкохол во крвта. Ним Лекарската комора им ги одзеdе времено лиценците за работа а гевгелиската болница ги отпушти од работа. Во меѓувреме еден од анестезиолозите почина.