Број на текстови објавени денес: 10

Имиграцискиот веб-сајт на Канада се урна откако Доналд Трамп победи на изборите

usa-izbori-pobeda-karta

Да се преселите во Канада не е лесно, но не е невозможно.

Канадскиот сајт за имиграција се урна од посети од луѓе Официјалниот сајт за „Државјанство и имиграција на Канада“ престана да работи, најверојатно поради големиот број на луѓе кои бараат да ги видат апликациите за живеење во земјата, пишува Индепендент.

За  преселба во Канада потребно е да се пополни апликација за барање дозвола за постојан престој во земјата. Постојат голем број на различни видови на државјанства, повеќето од нив бараат луѓето да имаат работа или да живеат со своето семејство во државата.

Доналд Трамп наскоро ќе биде новиот претседател на САД, што доведе до огромна вознемиреност меѓу неговите противници.

Сличен притисок да ја напуштат земјата беше виден во пресрет на изборите во Велика Британија и гласањето за брегзит – прашање што Европската унија се обидува да го реши така што потенцијално ќе им овозможува на Британците да го задржат европското државјанство.

Канада е активна во преземање на бегалци од голем број на земји во последниве месеци. Владата води кампања за прифаќање на луѓето кои бегаат од војната во Сирија, на пример, и беше пофалена за тоа што има отворени врати за бегалци од земјите од целиот свет.