Број на текстови објавени денес: 0

Има 90 години, зборува 12 јазици и секогаш е насмеана

baba

Запознајте ја Ана Вукотиќ од Зрењанин, која има 90 години и само што се запишала на кинески јазик. Инаку госпоѓата веќе го има пропатувано цел свет и живее како во времето на рокенролот.

Ана е професорка по англиски јазик во пензија која секој ден е насмеана. Живее на петти спрат во зграда и до станот се качува по скали.

„Стара сум, но и понатаму се радувам на секој ден. Енергија ми даваат моите креации. Тие ме одвојуваат од останатите, луѓето отсекогаш се вртеле по мене на улица. Треба да се умее да се биде посебен. Додека повеќето би се срамеле од такви креации, јас ги носам со гордост. Живеам од љубов. Живеам и понатаму во времето на рокенролот, уметноста, слободоумието, идеите, креативноста… Заробена сум во тој театар на магични соништа и толку ми е убаво, што понекогаш плачам“, изјавила Ана.

Првата дискотека во Зрењанин во 1969 година го добила името по неа – „Тетка Ана“.