Број на текстови објавени денес: 0

Изложба на фотографии на 10 турски автори во Чифте амам

cifte

Изложба на тема „Турска современа фотографија 10 Автори – 10 мотиви“ ќе биде отворена од 01 до 08 декември во Чифте амам во Скопје.

Куратор на изложбата е познат турски фотограф–археолог доц. д-р Туна Акчај, а изложбата е во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје во соработка со Фото сојуз на Македонија.

Десет турски автори со по 6 фотографии ќе бидат претставени пред љубителите на добрата фотографијата.

Свеченото отворање е на 1 декември во 19.30 часот во Чифте Амам.