Број на текстови објавени денес: 0

Изложба на Наташа Милованчев во Прилеп

copy-of-dsc_0340-1

Изложбата „Кодирани пејзажи“ од Наташа Милованчев ќе биде отворена утре во 19 часот во галеријата „Борко Лазески“ во Прилеп.

Ликовната изложба под наслов „Кодирани пејзажи: Исток – Запад рециклирано“ ја чинат 21 дело, работени во комбинирана техника на хартија. Како проект станува збор за пресек низ визуелните наслојувања низ временскиот период од 2012 до 2015 година, односно своевидна синтеза на елементите од еден подолг истражувачки процес. Во нив како иконографска предлошка, авторот го варира присуството на еден мотив, што се јавува како метафора, како сублимирано – функционален, но и поетички знак во и на просторот.

Милованчев е вонреден професор на Архитектонскиот факултет при Униврезитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„UNUS МУНДУС! Светот е еден, Исток и Запад се создадени дихотомии, линија на поделба и ориентација, точка на гледање и многу повеќе позиција за/на ? контрола. Истите се неразделни: мерливо и немерливо, апсолутно и релативно, намерно и случајно, активно и пасивно, црно и бело, тоа се само трансцендентални проекции на истото. Во реалноста околу нас, сликата на светот е отсечена, повторувана и преклопена. Значи, ако ги умножиме механички тие стануваат не-истоветното Исто. Низ динамичните, активни, напластени зони, доминира фрагментацијата, те.размножените секвенци во рамките на една слика. Со механичкото наспроти објектот, ја гледаме јасно механизацијата на предметот и нивната меѓусебна размена. Одбирајќи фрагменти од Истокот и Западот, низ процесот на реконтекстуализација, ги рециклираме истите, сакајќи да бидат повторно Едно“, е напишано за оваа изложба.