Број на текстови објавени денес: 18

Изгаснати пожарите во Израел, изминатата ноќ минала мирно

images-3129

Пожарникари ги изгаснаа пожарите кои во изминатите денови пустошеа во Израел и населби на Западниот брег и поради кои десетици илјади луѓе беа приморани да ги напуштат своите домови.

Уапсени се десетици луѓе осомничени за подметнување пожари.

– Нема активни пожари. Бидејќи изминатата ноќ мина мирно, немаме никакви нови активности – изјави портпарол на израелските противпожарни и спасувачки служби Јорам Леви.