Број на текстови објавени денес: 11

Извинување на шведски хотел поради десничарски собир

svedska5

„Гранд хотелот“ во Стокхолм јавно се извинил затоa што во нивните простории е одржaна церемонија на доделување на награди за десничарските европски политичари. Хотелот со пет ѕвездички упатил извинување по бранот протести на социјалните мрежи и откажување на резервациите.

Во соопштението се наведува дека требале да го раскинат договорот за доделување на „Европските награди за слобода“, штом сфатиле дека тој настан ќе предизвика бурна реакција на гостите и партнерите на хотелот.

Меѓу политичарите кои во изминатиот викенд присуствувале на церемонијата што ја организирала антимигрантската шведска демократска партија, бил и поранешниот лидер на британските десничари Најџел Фараж.