Број на текстови објавени денес: 70

Југохромци блокираа улици во Скопје

%d1%98%d1%83%d0%b3%d0%be%d1%85%d1%80%d0%be%d0%bc-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82

Вработените во „Југохром“ од Јегуновце денеска ја блокираа крстосницата кај Судската палата во Скопје, во знак на протест за запирање на работата на компанијата по одлука на Инспекторатот за животна средина.

Бараат да се вратат на работа и тврдат дека „Југохром“ не е најголемиот загадувач на воздухот. Од протестот побараа да се повлече одлуката за исклучување на печките на „Југохром“, добивање статус за работниците додека не се рестартира фабриката, како и забрзување на изградбата на филтер-станицата.

По протестот тие доставија протестно писмо до Инспекторатот за да се повлече мерката за забрана за работа на Комбинатот, во која работат околу 1.000 лица.

На 2 ноември Југохром постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение компанијата да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече на крајот на октомври.

Раководството на комбинатот тогаш најави дека нивни екипи ќе продолжат со изградба на филтер-станицата, со кои активности, како што образложија, се доцнело поради тоа што чекале да добијат градежна дозвола.

Претходно, Југохром бараше ново 18 месечно продолжување на законскиот рок и договорот да постави филтри за отпрашување.
Во јануари и февруари годинава Југохром не работеше со одлука на раководството со цел да се намали влијанието врз загадувањето на воздухот